Connect with us

Фудбал

Акција против проституција, уапсен фудбалски судија на забава кај старлета

Фудбалскиот судија од Словенија, Славко Винчиќ, кој е судија со знакот на ФИФА и УЕФА, односно суди и меѓународни мечеви, е уапсен како гостин на забава кај старлетата Тијана Ајфон.

Од Фудбалскиот сојуз на Словенија велат дека судијата бил во погрешно време на погрешно место. Сепак, според информациите тој е еден од осомничените за организација на проституција. Ова била заедничка полициска акција на Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

Винчиќ судел на осум мечеви од Лигата на шампионите и Лига Европа во последните четири сезони.