Connect with us

Фудбал

Алаба ги продолжи тренинзите со Реал Мадрид

Давид Алаба повторно тренира со соиграчите од Реал Мадрид , пренесуваат шпанските медиуми . Австрискиот интернационалец заработи повреда на десната нога на првиот меч со Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите одигран на 26 април.

29-годишниот дефанзивец повторно ќе може да забележи играчки минути на натпреварот на шпанскиот шампион против Бетис , кој е последен за сезоната на „белите“ во Примера дивизион. Алаба ќе му биде на располагање и на тренерот Карло Анчелоти за финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул на 28 мај во Париз.

Најдобриот стрелец на Мадрид, Карим Бензема, доби уште еден слободен ден во вторникот, откако не одигра во ремито 1-1 со Кадиз на крајот од минатата недела. Францускиот напаѓач се очекува утре да се појави на настанот во Реал Мадрид