Connect with us

Фудбал

Алаба рече дека е 100% за финалето со Ливерпул

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба изјави дека се чувствува добро и подготвен за финалето на Лигата на шампионите. Шпански Реал Мадрид , чиј тим го носи Алаба, ќе се соочи со англиски Ливерпул во сабота на 28 мај во француската престолнина Париз.

29-годишниот фудбалер се повреди на натпреварот против Осасуна во шпанското првенство и одигра само едно полувреме на првата средба со Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тој ги продолжи тренинзите минатата недела и е убеден дека целосно ќе се опорави за големиот натпревар овој викенд.

“Јас се чуствувам добро. Имав доволно време да се опоравам. „Работев многу напорно овие денови за да бидам 100 проценти подготвен за финалето“, изјави Давид Алаба за официјалната веб-страница на Реал Мадрид . Натпреварот на Стад де Франс е во сабота од 21 часот.