Connect with us

Фудбал

Алан и официјално играч на Евертон

Ливерпул, 5 септември 2020 (МИА) – Евертон официјално го ангажираше искусниот играч за врска Алан од Наполи. „Карамелите“ ќе платат 25 милиони евра за неговите услуги. Играчот потпиша 3-годишен договор со неговиот нов клуб.

Алан призна дека главниот фактор во неговото преселување на „Гудисон Парк“ бил Карло Анчелоти.

– Многу сум среќен. Евертон е клуб со богата историја, има амбиции и тука е професорот Анчелоти. Тој направи се што е можно за да ме донесе, изјави 29-годишниот Бразилец.

Алан е во Наполи од 2015 година, откако одигра 212 натпревари за клубот. Тој го освои Купот на Италија претходно ова лето.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com