Connect with us

Фудбал

Аларм во Барселона по тренингот: Усман Дембеле повторно во центарот на вниманието

Усман Дембеле веќе некое време е надвор од терените поради повреда, а минатата недела започна со тренинзи со остатокот од тимот.

Кике Сетиен изјави пред неколку дена дека не сака да презема никаков ризик со Дембеле, и дека тој ќе се врати на терените кога ќе биде 100% подготвен. Французинот веќе неколку дена тренира со остатокот од екипата, а медиумите во Шпанија пишуваа дека ќе игра за две недели.

Како и да е, во Барселона утрово повторно се вклучи алармот бидејќи Дембеле мораше да го напушти тренингот порано. Тој почувствува болка во десната нога по што веднаш го напушти тренингот.

Сè уште не е познато каква е повредата и дали тоа дополнително ќе го продолжи неговото отсуство од терените. Се очекува Барселона да излезе со повеќе информации до крајот на денот и да открие што се случува во моментов со Дембеле.

Дембеле има одиграно само девет натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи само еден гол.