Фудбал
Алба испрати малку очајна порака: Сега мора да бидеме пообединети од кога било досега
Барселона се уште се соочува со огромни долгови, а тоа се стотици милиони евра од периодот кога на чело на клубот беше Бартомеу.
Во пресрет на новата сезона, за оваа ситуација проговори еден од капитените на Барселона и играчот со најдолг стаж на Камп Ноу, Жорди Алба.
Во пресрет на новата сезона, левиот бек порача дека тимот од Камп Ноу мора да покаже единство. Тој се надева дека во наредниот период вредни играчи ќе ја засилат Барселона.
„Се случува. Не секогаш ќе биде се одлично. Така е, и сигурен сум дека ќе се ослободиме од тоа.
Посакувам да ангажираме многу играчи и да ја направиме ситуацијата одлична, но ситуацијата е таква каква што е сега. Треба да бидеме пообединети од кога било.
Беше тешка година на клупски план, убеден сум дека следната година ќе биде подобра за нас“, изјави Жорди Алба, пренесува Барса Универзал.