Connect with us

Фудбал

Алба: Ништо веќе не ме изненадува

Фудбалерот на Барселона, Жорди Алба го коментираше обидот на клубот да се раздели со него и да го испрати на позајмица во италијански Интер.

„Без разлика дали е фер или не, таква е ситуацијата. Го кажувам она што го мислам на луѓето лице в лице и го очекувам истиот став“, изјави Шпанецот, цитиран од „Мундо Депортиво“.

„Немам што повеќе да кажам, иако би сакал. Во светот на фудбалот веќе ништо не ме изненадува“, додаде левиот бек.

„Никогаш не сум се жалел кога не играм. Се трудам да им помогнам на младите да напредуваат и секогаш давам се од себе кога сум на теренот“, изјави и Жорди Алба, изразувајќи го своето незадоволство од случувањата во последните часови од овој летен преоден рок.

Алба започна кога Барселона и гостува на Викторија Пилсен во групите од Лигата на шампионите во средата навечер.