Фудбал
Албанија ја растури Чешка, еврогол на скопјанецот Асани, два на кумановецот Сефери, на чекор до Европско првенство (ВИДЕО)
По шест одиграни кола, селекцијата на Албанија се наоѓа на првото место на табелата во Група Е со 13 освени бодови, пред Полска која има 9, Чешка и Молдавија со по 8 и Фарски Острови со 1 бод. Синоќа во Тирана Албанија со фуриозна игра ја совлада Чешка со 3:0. Еврогол постигна поранешниот вардарец Јасир Асани, кој е од Скопје, а потоа два голови постигна Сефери, со потекло од Куманово, за убедлива победа. Следните два меча Албанија ги игра во ноември, прво со Молдавија на гостински терен, а потоа со Фарски Острови на домапшен терен. Со оглед на тоа дека двете првопласирани селекции обезбедуваат директен пласман на ЕП, на нашиот сосед му е потребна само една победа да обезбеди пласман на континенталниот собир.