Connect with us

Тајмаут

Албански фудбалер ќе добие дете со – српска манекенка!

Фудбалерот на Аталанта, Берат Џимшити и српската манекенка Алиса Миленковиќ ги рушат балканските стереотипи. Имено фудбалерот на Аталанта, Берат Ѓимишити и неговата девојка Алиса ќе станат родители.

Тие ја споделија оваа вест на Инстаграм од одморот на кој се сега. Ѓимишити ја заврши сезоната со Аталанта за да може да се опушти и да се одмори со својата љубов, која е во блажена состојба.

Тие моментално крстарат на хрватското приморје и уживаат во преубавите плажи кои ги посетуваат со јахтата.

Информацијата за врската помеѓу српската манекенка и албанскиот фудбалер во јавноста се појави во 2015 година, пред гостувањето на Србија во Албанија, кога тогаш албанските медиуми гордо најавуваа дека оваа секс-бомба ќе биде единствената Србинка која ќе навива за „Црните орли“.