Connect with us

Фудбал

Алегри: Би бил среќен со реми

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неговиот тим имал многу среќа да стигне до победата над Сасуоло (2:1). „Бјанконерите“ се вратија со головите на Пауло Дибала и Мојс Кин и сега можат да бидат спокојни за своето место во топ 4 во Серија А.

„Многу важна победа во однос на пласманот. Сасуоло одигра исклучително тешко. Во првото полувреме им дозволивме лесно да минат низ нашата одбрана. Имаше подобрување по паузата, но се чувствуваше и замор поради натпреварот против Фиорентина за Купот на Италија . Блиску сме до Наполи и имаме добро водство пред петтиот, па мора да продолжиме да работиме за да завршиме во топ 4“, прокоментира Алегри.

„На крајот од сезоната сите натпревари се важни. Луѓето треба да сфатат дека сме во одреден период. Ова не е време да пробуваме работи што не можеме. Паметно пристапивме. Знаевме дека домаќините ќе бидат посвежи. Ги загубивме Де Лихт и Квадрадо , што исто така беше проблем. Требаше само да ги земеме бодовите. Дури и нерешено би било позитивен резултат. Уморни сме и натпреварот секако беше многу тежок“, призна тренерот на Јувентус.

„Во споредба со почетокот на сезоната изминавме долг пат. Денеска бев лут во последните минути бидејќи не ја контролиравме добро топката. Тоа го објаснувам со присуството на неколку млади и неискусни момчиња кои се уште не знаат како да постапат во такви ситуации. Тие треба брзо да научат“, додаде Алегри.