Фудбал
Алегри би можел да добие отказ во петок
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри би можел да добие отказ уште во петок по лошиот почеток на сезоната, тврди Медиасет.
Во петок е закажан состанок на Управниот одбор на клубот на кој ќе се разговара за иднината на тренерот.
Претседателот Андреа Ањели ја препушти конечната одлука на раководното тело кое ќе донесе одлука во петок.
Одборот се состои од 9 директори, вклучувајќи го и Павел Недвед, за кој беше објавено дека е еден од луѓето кои се залагаат за отпуштање на Алегри.
Недвед побара од Ањели да го отпушти Алегри и претседателот првично одби, но потоа одлуката ја препушти на одборот.