Поврзи се со нас

Фудбал

Алегри може да го замени Солсјкјер на чело на Јунајтед

Манчестер, 15 октомври 2020 (МИА) – Италијанскиот менаџер Масимилијано Алегри би можел да го замени Оле Гунар Солскјер на кормилото на Манчестер Јунајтед, според британското издание „Експрес“. Алегри, кој не е во оваа професија од летото 2019 година, е подготвен да се врати во фудбалот – на највисоко ниво.

За последен пат, Алегри го водеше тимот на Јувентус, каде што уживаше во исклучително успешен период. Тој се смета за еден од најголемите стручњаци во светот. Покрај него, Манчестер Јунајтед е поврзан и со уште еден докажан тренер – Маурисио Почетино.

Манчестер Јунајтед слабо ја започна новата кампања, што веднаш ги засили шпекулациите за иднината на Солскјер на „Олд Трафорд“. Според многумина, норвешкиот стручњак не е во можност да ги врати „црвените ѓаволи“ на врвот во англискиот фудбал, поради што на тимот му треба нов тренер.

Advertisement