Connect with us

Фудбал

Алегри по тешкиот пораз изгледа сака да го понижи Виљареал

Разочарување во Јувентус.

Старата дама синоќа се прости од Лигата на шампионите со оглед на тоа што Виљареал го доби реваншот со 3:0.

Тоа беше вистинска лекција на шпанскиот тим за Јувентус, шлаканица на која никој не се надеваше.

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри имаше свое видување на натпреварот.

„Ние бевме подобар тим 75 минути, а Виљареал се бранеше. Тие застанаа зад топката, сите се бранеа и така секогаш го прават тоа. Ова е фудбал, нема што да се жалам од играчите“, изјави Алегри.

Самите фудбалери на Јувентус им се извинија на навивачите, но тоа сигурно нема многу да помогне.

Јувентус трета година по ред е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Сега Старата дама се врти кон шампионатот каде моментално е на четвртото место со седум бода зад лидерот Милан.