Connect with us

Други спортови

Алекс де Минор е шампион на тенискиот турнир во Атланта

Австралиецот Алекс де Минор го освои тенискиот турнир во Атланта вреден 708.530 долари, откако во финалето го победи Американецот Џенсон Бруксби со 6:3, 6:3 за час и половина.

„Сакам да и се заблагодарам на публиката, бевте одлични. Не сум локален, но направивте да се чувствувам како еден од вас, благодарам за поддршката“, изјави среќниот Де Минор веднаш по успехот.

“Тоа е шеста титула во мојата кариера. Не многу луѓе се способни за тоа, па затоа е убаво чувството. Прекрасно е да се види дека напорната работа што ја работев дава резултат”, додаде Австралиецот.

Де Минор се мачеше во вториот сервис гем кога спаси две брејк топки, но потоа го контролираше мечот до самиот крај. Тој направи брејк на 4 од сервисите на Американецот додека дозволи да се одземе само еден сервис гем.

Тоа беше трето загубено финале за Бруксби. Разочаран сум од мојот настап, но морам да размислувам однапред, да извлечам лекција и да останам фокусиран“, изјави американската тенисерка.