Фудбал
Александар-Арнолд го предупредува Ливерпул и ја игнорира Златната топка
„Враќањето во Ванда Метрополитано носи убави спомени“, рече Трент-Александар Арнолд. Крилниот напаѓач на Ливерпул зборуваше на прес-конференција во пресрет на 1/8 предизвикот во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
„На овој стадион се остварија нашите соништа. Сепак, сега не можеме да размислиме за минатото. Имаме една задача да направиме, а тоа е да победиме против Атлетико Мадрид за да го одржиме сонот жив. Знаеме дека ќе биде тешко“, рече тој.
Во врска со изјавата на Кафу дека тој ќе биде еден од идните освојувачи на Златната топка, Арнолд рече:
„За мене е чест да добијам такви комплименти, особено од легенда како него“.
„Секогаш се обидувам да дадам се од себе, но тоа е тимска игра. Јас станав тој што сум поради помошта на моите соиграчи и тренер“.
„Ако во иднина ја освојам Златната топка, не верувам дека ќе му ја дадам истата важност како што му даваат другите играчи, затоа што мојата единствена цел е да освојам трофеи со тимот“.