Connect with us

Фудбал

Александар-Арнолд ја освои наградата за најдобар млад играч во Премиер лигата

Ливерпул, 14 август 2020 (МИА) – Талентираниот десен бек на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд ја освои наградата за Премиер лига до 23 години. Англискиот интернационалец го престигна триото на Манчестер Јунајтед – Маркус Рашфорд, Ентони Мартиал и Мејсон Гринвуд, како и Мејсон Монт и Кристијан Пулишиќ од Челси, капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, кои исто така беа номинирани.

Александар-Арнолд (21) беше избран за победник по комбинацијата на гласови на навивачи и комисија на фудбалски експерти.

Десниот бек на Ливерпул оствари 13 асистенции и постигна четири гола во Премиер лигата минатата сезона.

Само плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, заврши со повеќе асистенции.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com