Connect with us

Други спортови

Александар Фидановски освои сребро на меѓународен натпревар во даунхил во Србија

Александар Фидановски го освои второто место во екстремно спуштање со велосипед во дисциплината даунхил на меѓународниот натпревар што се одржа во центарот Торник на планината Златибор во Србија.

Во дисциплината даунхил, која е особено атрактивна за љубителите на адреналинските спортови, Фидановски освои сребрен медал во конкуренција на 43 натпреварувачи од повеќе европски земји.

Фидановски, кој е член на битолскиот клуб „Екстрим Бт“, успешно ја совлада патеката која беше прилично тешка и на места со големи препреки.

– Можам да кажам дека конкуренцијата беше навистина тешка, патеката сложена, но искуството што од таму го понесов е одлично. Се обидов во најдобро светло да го претставам мој матичен клуб „Екстрим Бт“, но особено ми е драго што бев претставник на Македонија, која всушност првпат учествува на ваков натпревар. Нашата земја, впрочем, покажува дека има сериозни и квалитетни спортисти, не само во оваа, туку и во многу други дисциплини, изјави Фидановски за МИА.

Инаку, Фидановски беше втор во групата ЕЛИТ, а трет во севкупен пласман.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com