Други спортови
Александар Вучиќ: Цела Србија е со Ѓоковиќ
Како што сега стојат работите, Новак Ѓоковиќ годинава нема да настапи на Австралија опен.
Тој пристигна на аеродромот во Мелбурн околу 13:30 часот по локално време, но не му беше дозволен влез во Австралија. Неговиот тим го обвинија за погрешна виза, која не го поддржува медицинското ослободување за вакцинација.
Новак останал на аеродромот, но бил приведен и не му било дозволено да се движи или да го користи мобилниот телефон.
Тој е изолиран, а локалните новинари сметаат дека нема да има можност да ја одбрани титулата и дека наскоро ќе се врати во Србија.
Во се интервенираа и австралиската и српската амбасада, а вклучен е и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Само што го завршив телефонскиот разговор со Новак Ѓоковиќ. Му кажав на нашиот Новак дека цела Србија е со него, и дека нашите власти ги преземаат сите мерки да престанат да го малтретираат најдобриот тенисер во светот во најкус можен рок. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право „Србија ќе се бори за Новак Ѓоковиќ, за правда и вистина“, рече српскиот претседател и додаде:
„Инаку, Новак е силен, како што сите го знаеме.“