Connect with us

Фудбал

Алиоски е во Топ 5 најдобри фудбалери на Лидс

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е еден од пет најдобри фудбалери во редовите на Лидс согласно формата во последните шест натпревари во Премиерлигата.

Алиоски со коефициент на форма од 3.0 е четврти фудбалер во Лидс, зад Бамфорд, Далас и Меслие. Посебно се нагласува изданието на македонскиот фудбалер на натпреварот против Арсенал кое е неговото убедливо најдобро во дебитантската сезона во Премиерлигата.

Во најдобра форма изминативе шест кола се Сон и Кејн од Тотенхем со коефициент од 9.5 односно 9.3, пред Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед со коефициент од 8.3.