Connect with us

Фудбал

Алиоски: Ми рекоа откажи се од фудбалот, а јас стигнав до Премиер лигата

Езгјан Алиоски следната сезона ќе го  гледаме во Премиер лигата. Тој со неговиот тим Лидс Јунајтед ја освоија Чемпионшип и обезбедија пласман во елитата на Англија.

Нашиот репрезентативец во завршената сезона постигна пет голови на 38 мечеви.

Во интерву за швајцарски „Блик“ Алиоски меѓудругото зборуваше и за развојот на неговата кариера. Откри еден интересен детал. Имено, додека играл во швајцарски Јанг Бојс, му рекле да се откаже од фудбалот.

-Минав десет години таму, а тие ми кажаа да се откажам. Ми рекоа дека не сум доволно добар да бидам професионален фудбалер. Бев разочаран, но не се откажав. Тренирав индивидуално со мојот татко и со братот. Потоа се појави Шафхаузен, тие ми дадоа шанса,  раскажал Алиоски.