Фудбал
Алиоски: Почетокот на квалификациите е многу важен за нас
Македонија во мартовските квалификации за пласман на ЕП 2024 се среќава со Малта и Фарски Острови. Сите очекуваме две победи и шест бодови, а репрезентативците го очекуваат истото.
-Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа над Малта и старт со три бода, вели Алиоски и додава:
-За нас е исклучително важно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни следуваат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина. Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да одиграме одлични натпревари за успешни квалификации после историските резултати во последните години, вели Алиоски.