Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Алиоски прецизен од пенал, Македонија води против Казахстан

Фудбалската репрезентација на Македонија во моментов го игра пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Казахстан. Нашата репрезентација одлично го започна натпреварот, доминираме на теренот уште од првата минута, создадовме одлични шанси за гол и заслужено водиме со 1:0.

Првата шанса на натпреварот за нашата репрезентација дојде во 10. минута од натпреварот. Елмас имаше одлична шанса да го отвори резултатот но неговиот удар беше блокиран.

Во 13. минута Тричковски имаше убава можност за водство на Македонија, но сепак неговиот удар беше блокиран.

Во 23. Костадинов ја имаше можеби најдобрата шанса за водство на нашата репрезентација, но Покатилов спречи да се тресе мрежата на Казахстан.

Во 34. минута, Елмас му избега на одбраната на Казахстан и беше фаулиран во шеснаесетникот, а судија без двоумење покажа на Белата точка. Одговорноста за пеналот ја презеде Алиоски кој беше прецизен и му донесе водство на Македонија од 1:0.

На самиот крај на првото полувреме, односно во 45. минута од натпреварот, Казахстан остана со играч помалку на теренот поради грубиот старт на Мужиков врз Ристовски.

 

За разлика од нашата репрезентација, Казахстан не успеа да упати ниту еден шут кон голот на Димитриевски.

Реклама

Facebook