Фудбал
Алиоски со новиот договор ќе има плата од 120.000 фунти месечно
Езгијан Алиоски ќе биде награден со нов договор од управата на Лидс. До Нова година ќе го потпише новиот договор со англиски Лидс, откако овој премиерлигаш веќе почнал преговори за новата соработка со левиот бек, објавија англиски медиуми.
Според најавите Лидс на Алиоски му доставил понуда за соработка на четири години со плата од 30.000 фунти неделно што значи дека Џани на годишно ниво ќе добива 1.5 милиони фунти. Актуелниот договор на Алиоски истекува на лето па затоа Лидс сака да се обезбеди дека македонскиот фудбалер ќе остане на подолг период.
Алиоски веќе собра 125 настапи во дресот на Лидс, постигнувајќи 20 голови севкупно во сите натпреварувања. Тој е значајна алка во тимот на Биелса иако не е секогаш стандарден првотимец, но аргентинскиот стратег е воодушевен од енергијата на македонскиот интернационалец ја внесува секогаш кога е на теренот.
Медиумите најавуваат дека многу брзо се очекува Алиоски и Лидс да ја официјализираат соработката.