Connect with us

Фудбал

Алисон тренираше со друг клуб, бараше да не биде фотографиран

Како што пренесуваат медиумите, голманот на Ливерпул Алисон ги замоли бразилските медиуми да не го фотографираат додека тренира со друг клуб.

Секако, нема страв за навивачите на Ливерпул. Алисон само ја искористи можноста да остане во форма додека беше на „одмор“.

Првиот тим на Ливерпул доби неколку дена одмор пред да биде домаќин на Норвич – следната недела.

Тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, во повторениот натпревар од четвртото коло на ФА Купот против Шурсбери, на теренот го испрати У23 тимот на Ливерпул (тимот од „Енфилд“ славеше со 1:0), за да му даде на својот прв тим што е можно повеќе одмор.

Голманот Алисон се врати во родниот Бразил и беше виден на Маракана, каде го бодреше за својот брат Муриел, кој настапува за Флуминенсе.

Сепак, бразилските медиуми пишуваат дека Алисон бил и во тренинг-кампот на Флуминенсе и трениал за да остане во форма. Алиосн, наводно, одработил три тренинзи со младинскиот тим на Флуминенсе, додека неговиот брат Муриел и првиот тим се подготвуваа за натпреварот во Копа Судамерикана.

„О Глобо“ пишува дека голманот на Ливерпул ги замолил медиумите да не го фотографираат за време на тренинзите, иако неговото пристигнување во Флуминенсе привлече големо внимание.

Алисон би треба да престојува во Бразил до почетокот на следната недела.