Фудбал
Алиу Сисе: Отсуството на Мане е голем предизвик за мене
Африканскиот шампион Сенегал се соочува со голем предизвик на Светското првенство во Катар бидејќи тимот е без својата голема ѕвезда Садио Мане, кој го пропушта турнирот поради повреда.
„Штета е за Садио и за тимот. Неговото отсуство е голем предизвик за мене бидејќи секој тренер го гради својот тим околу својот најдобар играч“, изјави селекторот на Сенегал, Алиу Сисе, пред нивниот прв натпревар против Холандија во понеделник.
Капитенот на Лавовите на Теранга, Мане, му помогна на тимот да ја освои својата прва титула на Африканскиот куп на нации претходно во годината и беше прогласен за играч на годината во Африка. Но, тој го пропушта Светското првенство поради повреда што ја заработи за време на натпреварот за неговиот клуб Баерн Минхен на почетокот на месецот и беше опериран во четвртокот.
Сисе рече дека нема да ја менува тактиката и очекува тимот да се претстави на ниво и покрај повредата на Мане: „Тој е втор најдобар играч во светот, го претставува африканскиот континент како и Сенегал. Добив телефонски повици од целиот свет од луѓе, кои се многу тажни што нема да го гледаат Мане. Ќе ни недостига, но мораме без него“.