Connect with us

Други спортови

Алкараз со триумф ќе го симне Ѓоковиќ од тронот!

Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев ќе играат во денешното финале на АТП тенискиот турнир од серијата „мастерс 1000“ во Индијан Велс.

Алкараз избори место во финалето со победата во полуфиналната пресметка со Јаник Синер од Италија (7-5, 7-6), додека Медведев беше поуспешен од Американецот Френсис Тијафо (7-6, 6-3).

Со евентуален триумф над Медведев во денешното финале Алкараз од понеделник би се вратил на првото место на АТП листата со што би ставил крај на серијата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од 380 недели на врвот.

Мастерсот во Индијан Велс се игра за награден фонд од 8.8 милиони долари.