Фудбал
Ало, нели ти си во мојот тим?! Реакцијата на Садио Мане стана хит, се чудеше кога се поздрави со противнички играч, не знаел дека има брат близнак (ФОТО)
Ал Наср во третото коло од новата сезона ја забележа првата победа. Славеа со 5:0 против Ал Фатех, три голови постигна Роналдо, а два Садио Мане. Токму реакцијата на Садио Мане пред почетокот на мечот при поздравувањето со противничките играчи стана хит. Имено, Лајами игра во тимот на Ал Фатех, човек кој е брат близнак на еден од соиграчите на Мане во Ал Наср.
Мане го погледна зачудено и изгледа мислеше дека неговиот соиграч го облекол дресот на противникот.
Сепак, набрзо сфатил за што се работи и сите се смееле на се што се случувало на теренот.
Sadio Mané's reaction to meeting his teammate's twin on the opposing team 🤣
(via @AlNassrFC_EN, alawi_78s/IG) pic.twitter.com/DoQlb7nYJ7
— ESPN FC (@ESPNFC) August 25, 2023