Connect with us

Други спортови

Алонсо: Ако еден ден сакам да се вратам во Формула 1, ќе знаете за тоа

Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо е изненаден од гласините дека може да се врати во Формула 1.

Шпанецот потенцираше дека тој и покрај шпекулациите, живее живот поврзан со трките.

– Бев малку изненаден од тоа колку луѓе зборуваа за моето враќање неодамна. Сите мои соништа во Формула 1 веќе се остварија. Всушност, постигнав дури и повеќе отколку што сонував. Имав прекрасен прв дел оваа сезона во различни трки и серии. Ако еден ден сакам да се вратам во Формула 1, ќе знаете за тоа, изјави Алонсо.

Во текот на својата кариера тој настапуваше за Минарди, Рено, Мекларен и ферари.