Други спортови
Алонсо: Овој пилот изгледа како мене, тој е единствен во Формула 1
Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо, во изјава денес за „Ел Конфиденсијал“, рече дека високо го цени холандскиот пилот Макс Верстапен. Според Шпанецот, пилотските одлики на талентот на Ред Бул го прават сличен со самиот Алонсо го имал на пистата.
„Макс е пилот кој секогаш влегува со емоции на пистата“, рече Алонсо.
„Очигледно е тешко да се најде најдобриот, но сакам да ги гледам трките на Макс Верстапен. Секогаш е „целосен напад“, кога е во напад, па дури и обидот за негово претекнување е невозможен. Ова е нешто што го сакаат фановите на Формула 1, затоа ми се допаѓа. Мислам дека таков бев и јас кога имав победнички автомобил“, рече Алонсо.