Други спортови
Алонсо прави грешка што ќе вози на Дајтона 24 часовната трка
Поранешниот Ф1 возач, сегашен возач на ФИА Светскиот Шампионат на Издржливост, Марк Вебер, смета дека Фернандо Алонсо прави грешка што се натпреварува надвор од Ф1. Шпанецот минатата година се натпреваруваше на Инди 500, а оваа година во неговите планови е и Дајтона 24 часовната трка.
Сметам дека тоа е голема грашка. Морате да се фокусирате на едно натпреварување, особено кога тимот е во проблеми. Трката на издржливост и Ф1 е сосема различно натпреварување и не можете да се натпреварувате на две места. Несомнено е дека се работи за еден од најдобрите возачи во историјата на овој спорт. Се надевам дека ќе биде добра сезона, иако не би се обложувал на него, но дефинитивно е меѓу најдобрите во Формула 1, истакна Вебер.