Connect with us

Други спортови

Алонсо се враќа во Формула 1

Двократниот шампион на Формула 1 се враќа на трките на Формула 1, само една година откако се повлече од ова натпреварување.

„Кориера дела сера“ пишува дека шпанскиот возач може да се приклучи на тимот на Ред бул Хонда, на местото на Пјер Гасли.

На враќањето на Алонсо не би требало да се чека до 2020 година, бидејќи неговата намера е оваа сезона да го надополни изгубеното.

Ова би значело дека Алонсо повторно би го возел болидот со моторот на Хонда, со кој во минатото не помина најубави моменти и често јавно ја критикуваше несигурноста на моторот додека возеше за Мекларен.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com