Тајмаут
Алушовски: Добивме исклучително тешка група, но Вардар не се плаши од никого
Откако стана познато кои се противниците на РК Вардар за првата групна фаза од ЛШ за следната сезона, се огласи и тренерот Стевче Алушовски. Тој вели дека групата е исклучително тешка, но Вардар не се плаши од никого.
„ Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противал. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го остварим етоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме.
Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме, вели Стевче Алушовски.