Connect with us

Ракомет

Алушовски: Вардар никогаш не бил во полоша ситуација

Европскиот шампион Вардар успеа да се квалификува во нокаут фазата во ракометната Лига на шампиони.

По победата, тренерот на тимот Стевче Алушовски даде изјава, и кажа дека Вардар никогаш не бил во полоша ситуација.

„Честито на момците за прикажаното. Сум бил и порано во Вардар, но никогаш тимот не бил во полоша ситуација. Едноставно сакам да им честитам на момците за тоа што го направија денеска и тоа што го прават сите претходни години за тимот. Ова се големи пред се човечки квалитети кои ретко кој може да ги има. Уште еднаш големи честитки за сите за оваа победа. Не сакам да коментирам околу работи кои не се поврзани со мечот бидејќи тоа не е моја работа, но иднината на Вардар ќе се знае во следните денови“, изјави Алушовски.

Покрај Алушовски и Кукуловски даде изјава велејки дека е задоволен од мечот.

„Им честитам на Мотор за одличната игра. Одлично е што успеавме пласман во осминафиналето. И уште денеска се подготвуваме за следниот меч“, изјави Кукуловски.

Следен предизвик за Алушевски ќе биде гостинскиот натпревар кај Порто, овој натпревар кој ќе биде борба за петтото место во групата, а натпреварот ќе се игра на 22 февруари.