Connect with us

Ракомет

Алушовски за шансите на Вардар против Мотор Запорожје по неколкуте заминувања: Играчите се свесни за ситуацијата, но верувам дека ќе победиме

Објавено:

Тренерот на актуелниот европски шампион Вардар очекува многу тежок натпревар против Мотор Запорожје, но верува во добар резултат и покрај незавидната ситуација во која се наоѓа Вардар поради финансиската криза.

– Играчите се свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Но верувам дека тие ќе го дадат максимумот и заедно ќе се радуваме на победата. Евентуален триумф ќе значи и дефинитивно наш пласман во следната фаза. Мотор сигурно ќе дојде со амбиција да ги освои бодовите, но ние сме европски шампион, плус играме на наш терен се надевам пред полна сала и поддршка од нашите навивачи, рече Алушевски на денешната прес-конференција.

Натпреварот Вардар – Мотор Запорожје се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама