Алваро Одриозола е новиот играч на Баерн!

Шпанскиот фудбалер Алваро Одриозола е нов играч од Баерн Минхен.

-текстот продолжува по рекламата-

Германскиот гигант го потврди ангажманот на 24-годишниот десен бек, кој ги помина медицинските прегледи утрово и потпиша договор до крајот на сезоната.

Во наредните шест месеци, Одриозола ќе игра како позајмен играч од Реал Мадрид во Баерн, тој во Реал не играше и се појави на само четири натпревари оваа сезона.

Потрагата на Баерн за десен бек го доведе во Минхен, каде сигурно ќе има повеќе простор за игра.

„Откако разговаравме со остатокот од раководството, решивме да го исполниме барањето на тренерот Ханси Фличко и да ја засилиме дефанзивната линија. Заедно решивме да го доведеме Алвар Одриозола. Му благодариме на Реал за нивната соработка“, рече Карл-Хајнц Румениге, првиот човек на клубот.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ рече:

„Ние сме убедени дека Одриозола ќе ни помогне во нашите квалитети. Драго ми е што донесовме ваков играч“.

Одриозола е дете на Реал Сосиедад, и стана член на Мадридските кралеви во 2018 година.

Совет за етика во медиумите
Loading...