Connect with us

Фудбал

Алвес ги нападна Французите: Тие се расисти!

Бразилскиот дефанзивец Дани Алвес зборуваше за живеењето во Париз и кажа дека не се чувствувал добро во Франција. Тој сега игра во Бразил со екипата на Соо Паоло, откако го напушти ПСЖ.

“Ако го посетите Париз една недела тоа може да биде убаво патување во живот, но ако живеете таму е заморно. Изгледа малку како Сао Паоло, но Французите се повеќе расистички настроени. Тоа не ми случило мене, туку на моите пријатели”. 

Тој истакна дека живеењето во Севиља и Барселона е подобро.

„Тие се слични на Бразилците кои живеат таму подолго. Тие уживаат во нивниот живот“, рече Алвес.