Connect with us

Фудбал

Алвес открива во кој клуб сака да ја заврши кариерата во: Тие играат во храмот на светскиот фудбал

Легендарниот бразилски десен бек Дани Алвес ја искористи опцијата во живо на Инстаграм за да разговара со фановите и во оваа прилика им откри каде сака да ја заврши кариерата.

Алвес се врати во родниот Бразил по 15 години игра во Европа минатото лето и потпиша за Сао Паоло.

Бидејќи ќе наполни 37 години следниот месец, поранешниот фудбалер на Барселона размислува да стави крај на кариерата и открива дека би сакал да го носи дрес на Бока Јуниорс кога тоа ќе се случи.

„Не би било лошо да се пензионирам во Бока. Знаете дека ја сакам Бока, но тоа не е затоа што луѓето зборуваат за клубот или затоа што тоа е голем клуб. Отсекогаш забележав неколку различни работи околу нив. Тие ве дефинираат како играч“, вели Алвеш кој додава дека е фан на овој аргентински тим.

„Бев на Ла Бомбонера, во храмот на светскиот фудбал. Јас сум обожавател на Бока!“

Алвеш играше за шест клуба во текот на својата кариера. Покрај споменатите Сао Паоло и Барселона, тој го носеше дресот на бразилскиот Баија, шпанска Севилја, италијанскиот Јувентус и францускиот ПСЖ.

Кога сме веќе кај ПСЖ, треба да се напомене дека тој неодамна зборуваше за животот во Париз додека играше за клубот. Не го сакаше градот од една причина.

„Тоа е стресен град. Не ми се допадна многу. Тука се расисти. Многу од нив. Мене не ми кажаа ништо, затоа што знаеа дека ќе им кажам да заминам, но такви беа кон на моите пријатели“, рече Бразилецот пред неколку денови.