Фудбал
Алвеш: Да останеше тој човек во Барселона, никогаш немаше да се вратам
Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш пред неколку недели се врати во Барселона.
38-годишниот фудбалер на крајот на октомври остана без клуб откако поради финансиски причини ја раскина соработката со Сао Паоло, но за него тоа беше одличен потег.
Неколку недели подоцна, многумина беа изненадени кога беше потврдено дека Алвеш по пет години се вратил во Барселона и дека потпишал договор до крајот на оваа сезона.
Алвеш треба да дебитира за Барселона во средината на јануари кога ќе се опорави од коронавирусот, а навивачите веруваат дека тој ќе биде големо засилување на позицијата десен бек, каде клубот не успеа да најде соодветна замена по неговото заминување во 2016 година.
Жоан Лапорта му даде шанса на Алвеш повторно да заигра во дресот на Барселона и доколку ги оправда очекувањата, на лето сигурно ќе го продолжи договорот на уште една година. Сепак, Бразилецот призна дека немаше да се врати во клубот доколку на кормилото останеше Хосеп Марија Бартомеу.
„Не би прифатил понуда од Бартомеу и тоа им е јасно на сите. Заминав кога тој беше претседател бидејќи не сакав да соработувам со таква личност. Сигурно не би се вратил доколку тој се уште беше таму“, додаде Алвес.
„Имав чувство дека ќе се вратам во Барселона. Иако на многумина им е чудно, успеав да се вратам. Се договорив со Лапорта за неколку минути. Сега сите имаме цел да го вратиме клубот на самиот врв, затоа што таму. Лапорта сигурно ќе направи големи работи, но јасно е дека му треба време за тоа“.