Connect with us

Други спортови

Алжирец одбил да се натпреварува против Израелец и ги напушти Олимписките игри

Олимпиецот од Алжир во џудо, Фети Ноурине, го жртвуваше настапот на Олимписките игри во Токио, бидејќи одби да настапи против претставникот на Израел.

Според жрепката, Алжирецот во првиот меч требаше да настапи против Мохамед Абдалрасул од Судан, а потоа требаше да има борба против Тохар Бутбул од Израел.

Сепак, поради политички прашања, односно поради нападите на Израел врз Палестина одби да се натпреварува и ќе замине од Олимписките игри.

-Напорно работевме да се квалификуваме за Олимписките игри, но палестинското прашање е поголемо од се, изјави тој.

Фети во 2019-та година исто така го напушти Светското првенство откако требаше да се бори против истиот натпреварувач од Израел.

Неговиот тренер за медиумите изјави дека немале среќа во жрепката и дека донеле исправна одлука.