Фудбал
Американецот на Ајакс го напушта кампот во Катар поради безбедносни причини
Фудбалерите на Ајакс прават подготовки за продолжување на сезоната во Катар.
Тимот на Амстердам во оваа земја има одлични услови за работа, но во остатокот од прпремите нема да биде американскиот фудбалер Сергино Дест.
Младиот фудбалер разговараше со раководството да се откаже од подготовките и да се врати дома, сето тоа заради моменталната состојба на Блискиот исток.
Сергино се плаши од безбедноста затоа што американските граѓани се на удар во оваа област, особено по сериозното распрснување со оружје меѓу САД и Иран.
Sergiño Dest verlaat trainingskamp #Ajax.#MidSeason ?
— AFC Ajax (@AFCAjax) January 9, 2020
Овој фудбалер неодамна реши да продолжи да се натпреварува за селекцијата на САД, иако на маса имаше и понуда за репрезентацијата на Холандија.
19-годишниот десен бек оваа сезона одигра 24 натпревари за Ајакс и има ефект од два гола и пет асистенции.