Кошарка
Американките убедливи против Србија
По одбојкарките на Србија и кошаркарките немаа успех против САД во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.
Кошаркарките на САД ја оправдаа својата улога како фаворити и суверено чекорат кон ново злато. Ја совладаа Србија со резултат 79:59.
На натпреварот против Србија поведоа со 23:8 во првата четвртина, кој ја добија со 25:12, а потоа веќе беше извесно во која насока оди овој натпревар. На полувреме САД имаа предност од 41:23.
Србија обезбеди добар период во третата четвртина, кој Американките ја добија со минимални 17:16.
Во последната четвртина, Американките рутински го доведоа натпреварот до крај за конечни 79:59.
Гринер одигра одличен натпревар за Американците, со дабл-дабл ефект од 15 поени и 12 скока, и Греј со 14 поени.
Во Србија, Андерсон постигна 15 поени, додаде два скока, го следеше Шкориќ со девет поени, додека Чачо натпреварот го заврши со шест поени, два скока и една асистенција.
Србија се уште се бори за бронзата, а вториот полуфинален пар е закажан за денеска во 13 часот, ќе се сретнат домаќинот Јапонија и Франција.