Connect with us

Други спортови

Американската бајка на Борна Чориќ заврши со историска титула

Хрватот Борна Чориќ ја освои титулата на тенискиот турнир од серијата „Мастерс“ на тврди терени во Синсинати (САД).

Чориќ во финалето го совлада 4-рангираниот Стефанос Циципас (Грција) со 7:6(0), 6:2 за речиси два часа игра и го освои првиот трофеј во кариерата од серијата „Мастерс“.

25-годишниот Хрват го започна турнирот на 152. место во светот, но со успехот ќе се искачи на 29. место пред почетокот на УС Опен.

24-годишниот Циципас се обидуваше да стане првиот тенисер оваа сезона кој освоил титули на сите три подлоги – тврди терени, трева и земјена подлога. Тој има 46 натпревари на Тур во 2022 година.

„Не сум во позиција да одговорам на тоа бидејќи сè уште сам го барам одговорот. Тој служеше многу добро и ме натера да се движам многу. Чориќ игра како што секогаш играше, тој не се промени многу. помалку тој прави грешки, толку повеќе ви го отежнува животот“, рече Циципас.

Грчкиот тенисер водеше со 4:1 во првиот сет, но потоа Чориќ израмни и го доби тајбрејкот со 7:0. Во вториот дел по 2:2, Хрватот победи четири гема во низа и го заврши мечот со својата втора меч топка.

“Сфатив дека морам да бидам поагресивен. Немав што да загубам. Морав да продолжам да играм стабилно и да ја удирам топката се посилно и посилно”, изјави шампионот.