Други спортови
Американски Формула 1 тим му даде отказ на рускиот возач
Формула 1 тимот, американски Хас, одлучи да го раскине договорот со својот возаж Никита Мазепин, а причината е руската воедна инвазија врз Украина. Возачот се огласи преку социјалните мрежи и секако порача дека е разочаран.
-Разочаран сум поради тоа што мојот договор во Ф1 беше прекинат. Иако ги разбирам потешкотиите, сепак одлуката на ФИА и мојата желба да ги прифатам условите за да продолжиме беа игнорирани. На тие што се обидоа да ме разберат сум им благодарен. Го почитувам своето време во Ф1 и се надевам дека повторно ќе може да возам во подобри времиња, вели Мазепин.