Connect with us

Фудбал

Американски милионер и сопственик на култен англиски клуб загина во тешка несреќа

Сопственикот на култниот англиски фудбалски клуб Милвол, Џон Берилсон (70) загина во тешка сообраќајна несреќа, потврди тимот на Чемпионшип. Клубот синоќа излезе со соопштение, додека засега не се познати деталите за несреќата.

-Со големо неверување и тага ја информираме јавноста дека почина Џон Берилсон, сопственикот на клубот. Сите во клубот се со неговата сопруга Ејми и неговите три деца, како и со остатокот од неговото семејство. Ненадејната смрт на Џон ќе остави влијание врз сите оние кои имале среќа да го запознаат. Тој беше голем човек, неверојатно посветен на своето семејство и личност со голема дарежливост, топлина и добрина. Имаше исполнет живот, полн со бои и радост“, се вели во соопштението.

Американскиот бизнисмен и милионер пристигна на чело на Милвол пред 17 години, а со семејството основаше фондација која беше одговорна да им помага на децата во образованието во Бостон.

Британските медиуми пишуваат дека тој во клубот вложил повеќе од 100 милиони евра. Тој ја презеде функцијата откако клубот испадна во третата лига, а со две сезони играње во тој степен, тимот од источниот дел на Лондон е стандарден учесник во Чемпионшип.