Други спортови
Американскиот рапер беше без зборови кога виде како изгледа Мајк Тајсон и веднаш го објави на Твитер
Легендарниот Мајк Тајсон ја воодушеви светската јавност со фантастична трансформација на неговото тело.
За време на домашната изолација, Тајсон реши да се посвети на тренинг во теретаната, и го најави враќањето во рингот. За неколку недели, тој успеа да го врати своето тело во состојбата во која се наоѓаше кога се занимаваше со бокс.
Но, тоа не беше доволно за него и „Железниот Мајк“ тренираше напорно секој ден, а трансформацијата на неговото тело беше една од главните приказни во светот на спортот во последните неколку недели.
Тајсон исто така го воодушеви раперот Куртис Џексон попознат како „50 Cent“ кој неодамна го запозна легендарниот боксер и му ја предаде автобиографијата. Но, откако виде како изгледа Тајсон пред неколку дена, тој остана без зборови.
„Мајк Тајсон е во форма. Тој имаше огромен стомак пред само неколку недели“, рече “50 Cent“ откако Тајсон позираше со неговата книга.
?Damn @MikeTyson in shape like a mother fucker,he had a big stomach like a week ago ??♂️he back! HHHS https://t.co/0NVuEOqQ4T#bransoncognac #lecheminduroi pic.twitter.com/hT5Y2Dx6RA
— 50cent (@50cent) May 27, 2020