Кошарка
Американските кошаркари масовно ја напуштаат Италија
Американските кошаркари ја напуштаат Италија поради коронавирусот.
Италија е најпогодената земја во Европа со голем број заразени лица и бројката на починатите лица од коронавирус е многу висока.
Затоа не е ни чудо што американските кошаркари масовно ја напуштаат Италија. Речиси нема екипи чии играчи веќе не ги напуштија Апенините, а кошаркарот на Виртус Рим, Џејмс Вајт, по пристигнувањето во САД објави:
„Беше долго патување, но не можев повеќе да седам дома и да јадам путер од кикиритки и сендвичи“, рече Вајт.
Исто така, скоро сите други играчи ја напуштија Италија. Повеќето беа пуштени од клубот, а некои отидоа по своја иницијатива и го најавија враќањето кога ќе заврши пандемијата на коронавирус.
Засега е тешко да се очекува кога тоа ќе се случи, а денес беше најлошиот ден од почетокот на пандемијата во Италија во однос на смртни случаи.