Connect with us

Тајмаут

Американските медиуми објавија фотографија од жртвите од трагичната хеликоптерска несреќа

Покрај Коби Брајант, во несреќата загинаа уште осум лица.

Несреќата се случи во близина на Лос Анџелес, откако Брајант се упати на натпреварот на неговата ќерка, Џиана.

Сепак, поради маглата, видливоста беше слаба, пилотот изгуби контрола над хеликоптерот и следуваше несреќа со трагични последици.

Покрај Брајант и неговата ќерка, познат е идентитетот на четворица други лица кои ги загубија животите во несреќа што ја шокираше не само кошарката, туку целиот свет.

Станува збор за Џон Алтобели, тренер за кошарка во колеџот Оринџ Срајт, потоа неговата сопруга Кери Аттобела и нивната ќерка Алиса Алтобели. Загина и Кристина Маузер, асистент на Брајант во женскиот тим.

Инаку, американските медиуми пренесуваат дека пилотот направил голема грешка пред несреќата. Тој отиде премногу ниско и покрај предупредувањето од контролната кула и се упати кон планинската област и набргу потоа се сруши на планината.

Пилотот пријавил проблеми со магла додека летале над Зоолошката градина ЛА, кружејќи најмалку шест пати и летале многу ниско на надморска височина од околу 500 метри.

Од контролната кула се слушнало предупредување дека треба да ја зголемат брзината и да го избегнат ридестиот дел, но пилотот го сторил токму спротивното, бидејќи не можел јасно да види каде е заради густата магла. Пилотот одеднаш ја зголемил надморската височина, бидејќи очигледно ја видел планината пред нив, но за жал трагедијата не успеала да се избегне.