Connect with us

Тајмаут

Анализа: Колку би чинеле фудбалските легенди на денешниот пазар?

Летниот трансфер период направи клубовите тотално да „полудат“ и да трошат огромни суми на пари за играчи. Со оглед на порастот на цените во последните неколку години, сигурно некогаш сте се запрашале колку би вределе фудбалските легенди како Пеле на денешниот пазар.

Во оваа анализа на giffgaff Money беа земени статистиките од најскапите трансфери кои се случија ова лето и беа споредени со легендарните фудбалери за да се одреди нивната вредност на денешниот пазар.

За да биде правилна споредбата, податоците на фудбалските легенди беа земени како да се иста возраст со играчот со кого се споредуваат. Доколку играчот во тој момент од неговата кариера имал освоено Златна Топка, неговата вредност се покачува за 36,6 проценти.

Пеле

Во споредба со: Нејмар

Возраст: 25 години

Постигнати голови: 515

Вредност: 351 милион фунти

Јохан Кројф

Во споредба со: Александр Лаказет

Години: 27

Постигнати голови: 250

Вредност: 242 милиони фунти

Џорџ Бест

Во споредба со: Гилфи Сигурдсон

Години: 27

Постигнати голови: 190

Вредност: 157 милиони фунти

Паоло Малдини

Во споредба со: Кајл Вокер

Години: 27

Натпревари без примен гол: 131

Вредност: 111 милиони фунти

Диего Марадона

Во споредба со: Ромелу Лукаку

Години: 24

Постигнати голови: 210

Вредност: 94 милиони фунти

Извор: Кајгана