Поврзи се со нас

Фудбал

Анчелоти: Би сакал повторно да работам со Кедира

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти изрази интерес за играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира. Имам одлични спомени од соработката со Кедира. Во Реал Мадрид се покажа како вистински професионалец.

Би сакал повторно да работам со него, но тој не е сам. Имаше многу одлични играчи во мојата кариера. Сепак, преселувањето тука во Евертон е друга работа за размислување, истакна Анчелоти за „Goal.com“, Претходно, 33-годишниот Кедира проговори за својата желба да се испроба во англискиот фудбалски шампионат.

Договорот на Германецот со Јувентус важи до крајот на јуни 2021 година.

loading...

Facebook