Фудбал
Анчелоти ги одбра најдобрите 11, а во тимот немаше место за Кристијано Роналдо
Италијански стручњак не најде место за Кристијано Роналдо во неговиот идеален тим.
Анчелоти (60) денес го води Евертон, а водеше голем број на sвезди како тренер, затоа што водеше клубови како Милан, Челси, Јувентус, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн и Наполи.
Тој успеа да формира омилен тим од 11 играчи, а интересно е тоа што не го вклучи Роналдо, кого го тренираше во Реал. Како што се очекуваше, тој избра најмногу играчи од Милан.
На голот е Буфон, кого го тренираше во Јувентус, во одбрана на „Росонерите“ Малдини, Тијаго Силва и Кафу заедно со Џон Тери, англиски дефанзивец кој го тренираше во Челзи.

Во средниот ред се Кака и Пирло, повторно двајца поранешни играчи на Милан, но и Зидан, кого го тренираше во Јувентус и Лампард од Челзи, додека во нападот се Златан Ибрахимовиќ, со кого работеше во Париз и Андриј Шевченко, уште една легенда од златното доба на Милан.